Астон Мартин претстави нов потсетник на некогашната врска со прочуениот гилмски таен агент 007. Станува збор за посебно издание на моделот DBS Superlegger.

Во чест на одбележувањето на 50 години од премиерата на филмот „Во служба на Нејзиното височество“ во кој улогата на британскиот агент Џејмс Бонд ја толкуваше австралискиот актер Џорџ Лезенби, Астон Мартин како потсетник на изворниот зелен DBS кој имаше своја „улога“ во филмот претстави бројно ограничено издание на својот супербрз Grand Tourer DBS Superlegger.

Со боја на каросеријата која треба да асоцира на DBS што во филмот го вози 007, Астон Мартин DBS Superlegger OHMSS ќе направи само 50 примероци, а со посебното издание одат и посебни фелги, редизајнирана предна маска, дополнителни карбонски детали и соодветни ознаки.

На самата машина нема промени – ја движи 5,2-литарски V12 битурбо мотор кој со посредство на 8-степен автоматски менувач на задната осовина испраќа 725 KS и 900 Nm најголем вртежен момент, што е доволно за забрзување од 0 до 100 km/h за 3,4 секунди и најголема брзина од 340 km/h.

Сената на автомобилот, кој ги исполнува сите предуслови да заврши како колекционерски примерок, е 342.435 евра.