Аплаузи за одличниот настап на нашата ГОРДА Тамара

205

Тамара Тодевска имаше извонреден настап на сцената во “Експо“ центарот во Тел Авив каде нејзините фанови ја дочекаа и поздравија со извици на поддршка .

Деновиве секоја нејзина изведба предизвикуваше одушевување кај публиката.

Таа во креација на Александар Ношпал настапи под реден број 17 со песната “Горда“ и доби бурни аплаузи од сите присутни во салата во Тел Авив.

Останува да се надеваме дека по вечерашното гласање таа ќе биде една од десетте учесници од втората полуфинална вечер кои ќе настапат во големото финале на 18. мај.