АНЧЕЛОТИ: „Ова е најголемата грешка во мојата 30-годишна кариера“

3301
epa10295707 Real Madrid's head coach Carlo Ancelotti gives a press conference after his team's training session at Valdebebas sports city in Madrid, Spain, 09 November 2022. EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Реал (М) минува низ многу тежок период оваа сезона и покрај многу убедливата победа од 4:0 против Осасуна во саботата. Предводникот на „кралскиот клуб“, италијанскиот тренер Карло Анчелоти, пред неколку дена се осврна на својата кариера во интервју за „Франс фудбал“ и откри неколку интересни детали.

Шпанскиот гигант многу се мачеше во изминатите неколку недели. Најболен беше поразот од Барселона (0:4) на домашен терен, а набргу потоа на „Сантијаго Бернабеу“ беше поразени и од Милан со 3:1.

Нема дилема дека Реал (М) не е на нивото од минатата сезона и тоа на сите им е јасно, но секако дека еден лош период нема да ја чини работата на еден од најдобрите тренери во светот.

Инаку, 65-годишникот работеше во најголемите клубови во светот, а на прашањето која одлука би сакал да ја промени или која смета дека е најголемата грешка во кариерата, тој даде интересен одговор.

„Невозможно е да се носат само добри одлуки за 30 години. На пример, имав лоша одлука овде во Мадрид по мојата прва година“, изјави Анчелоти и додаде:

„Бев блиску до продолжување на договорот. Клубот сакаше да ме задржи, но јас гледав премногу на мојата плата, тоа беше грешка, најлошото што можев да го направам“.

Анчелоти во својата прва сезона во 2013/14. го предводеше Реал до долгоочекуваната десетта титула во Лигата на шампионите, но го напушти клубот една година подоцна.

По тренерските ангажмани во Баерн (М), Наполи и Евертон, Италијанецот се врати во Мадрид во 2021 година и оттогаш освои уште две титули во Лигата на шампионите со „кралскиот клуб“. По лошиот почеток на сезоната, Анчелоти моментално е на удар од страна на медиумите, а пред да дојде во Мадрид, Анчелоти беше тренер и на Јувентус, Милан, Челзи и ПСЖ.

ИЗДВОЕНИ