Дома БАЛКАН Анкета: Мицотакис би освоил двојно повеќе пратеници од Ципрас

Анкета: Мицотакис би освоил двојно повеќе пратеници од Ципрас

223

Убедливо водство пред владејачката СИРИЗА има опозициската Нова демократија пред предвремените парламентарни избори во Грција кои ќе се одржат на 7 јули.

НД на Киријакос Мицотакис води пред партијата на премерот Алексис Ципрас со 9,8 проценти. Изразено во парламентрани седишта разликата изгледа уште поголема – НД би освоила 154 седишта, а СИРИЗА 75.

Парламентот има вкупно 300 седишта, што значи Мицотакис би имал обезбедено мнозинство.

Според сегашното расположение на гласачите, мерено во анкетата направена за весникот „Прото тема“ и која ќе биде објавена во неделното издание, на трето место е КИНАЛ со 22 проектирани седишпта, комунистите ККЕ-15, Златна зора (неофашистичка партија) 12, колку што би освоила партијата на Јанис Варуфакис МПЕ25 – 12 седишта и Решение за Грција – 10.

Од ова може да се види дека Преспанскиот договор, како и некои други внатрешни прашања од политичката сцена го избришаа Панос Каменос и неговата АНЕЛ, како и Потами на Теодоракис, сериозно го намали рејтингот на актуелниот премиер и неговата партија и владејачката коалиција.

Мерена е и популарноста на лидерите. И тука води Мицотакис со рејтинг на позитивно мислење од 44,8 проценти, втор е Димитрис Котсубас (генерален секретар на Комунистичката партија), 33,9, потоа следува Ципрас со 32,2 и Варуфакис со 29,5.