Ана Бекута со тажни емотивни зборови кон својата прерано почината љубов – И по три години иста е тагата 

800

Популарната пејачка Ана Бекута, кај нас и мегапопуларна поради Валандовскиот фестивалски евергрин-хит „Стариот џумбушлија“, сè уште искрено тагува по својот непрежален и прерано починат емотивен партнер Милутин Мркоњиќ- Мрка, инаку поранешен министер за инфраструктура и транспорт. Тој почина пред три години, а Ана живее со најубавите спомени од деновите на нивната љубовна врска.

Минатата сабота, на Новите гробишта во Алејата на заслужните граѓани, Ана Бекута му оддаде почит на Мрка. Таа дојде на гробиштата во придружба на синот, внуката и на внукот, оставајќи свежи цвеќиња на местото каде што почива нејзиниот најсакан маж.

По тој тажен повод, длабоко растажена, во солзи, Ана објави емотивна порака:

– Поминаа три долги години откако Господ Бог те повика да се одмориш од маките на овој свет. Сакам да си замислувам како си добил убав и добар ноќен сон, си закрепнал од животот и дека сега таму уживаш во сите награди што ги заработи со својата работа и со заслугите. А, ние, кои останавме, секој ден ги гледаме плодовите од твоите дела на земјата и често се среќаваме со луѓе на кои си им помагал, кои си ги воспитувал, чии вечери си ги разубавувал, а денот случајно си им го поправал. Горди сме за целиот твој живот и работа и вечно благодарни за годините што ги поминавме со тебе. Почивај во бесконечноста на твоите топлина и добрина. Вечно, твојата Ана. (фото:архива)

 

ИЗДВОЕНИ