Јужнокорејскиот актер Сонг Јае-лим почина на 40-годишна возраст.
Сонг Јае-лим е пронајден мртов во својот дом во Сеул на 7 ноември, соопшти локалната полиција, пренесува „Дејли мејл“.
Како што понатаму се наведува, неговото тело го пронашло пријател кој пристигнал во станот за да руча со актерот. На местото на настанот полицијата пронашла и писмо напишано на две страни.
Официјални лица рекоа дека нема индикации за какви било сомнителни околности, а точната причина за смртта сè уште е под истрага. Семејството на актерот соопшти дека погребот ќе се случи на 14 ноември со присуство на најблиското семејство.
Сонг е најпознат по улогата во хит серијата „Moon Embracing the Sun“, а глумеше и во продукциите „Hot Ramen“, „Cool Guys“, „Two Weeks“ и други.