„Ѕвездите на Карпош“ – проект за деца со атипичен развој

17

Во спортската сала на ООУ ,,Јан Амос Коменски” , на 15 февруари ќе започе да се реализира проектот ,,Ѕвездите на Карпош”, наменет за деца со атипичен развој.  Оваа иницијатива ја поддржува Општина Карпош, а е идеја на долгогодишниот  тренер и претседател на карате клубот„Скопје“, Горан Алексовски заедно со тим од стручни соработници, а воедно е и дел од Програмата за спорт на општина Карпош.

-Целта на проектот е децата да учествуваат во спортски, друштвени и забавни активности. Со редовни тренинзи, да добијат подобрување на физичката кондиција, правилно дишење, агилност, упорност, издржливост,  поврзаност во друштво, развивање на тимски дух, себе прифаќање, формирање на здрави навики, развој на моторните, а индиректно и на социјалните,емоционалните и  интелектуалните вештини – информираат од Општина Карпош.

На ваков начин се реанимира потребата на оваа ранлива категорија на деца во делот на стимулација на физичкиот и социо-емоционалниот развој преку друштвени спортски игри.

Проектот ќе трае осум месеци и ќе се реализира во две етапи, а ќе ја опфати возрасната категорија од четири до 16 години за деца со атипичен развој.  Тренинзите ќе се одвиваат секоја сабота од 9 до 10 часот во спортската сала на ООУ ,,Јан Амос Коменски”, кои се наменети само за жителите на Карпош и кои ќе бидат бесплатни.

ИЗДВОЕНИ