Ѕвездата на “Ѕвездите на Гранд“ загина возејќи мотор

57

Трагично.

Пејачот Предраг Пеѓа Бошњак, кој блесна со своето пеење во балканското ТВ-шоу „Ѕвездите на Гранд“, завчера трагично загина додека го возеше својот омилен мотор. Сè се случи  наеднаш на  обиколницата околу местото Палиќ, во северна Србија, некаде околу 16 часот и 35 минути. 34- годишниот Бошњак изгубил контрола над моторот и излетал од автопатот поради непрописна брзина. Тој со многу тешки телесни повреди бил префрлен во Општата болница во Суботица каде што и покрај големите напори на лекарите починал.

Оваа трагична вест ги потресе неговите најблиски, но и бројните фанови на ова популарно шоу кое има и голем број љубители и кај нас во Македонија. Луѓето со изрази на сочувство се збогуваат со пејачот преку социјалните мрежи.

 

ИЗДВОЕНИ