Можеби и најголема ѕвездата на OnlyFans, Скај Бри, го привлече вниманието на јавност со изјавата дека еден фудбалер на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед и праќа пораки на Инстаграм.
Бри има најголема заработувачка на познатата платформа за возрасни и има армија следбеници на интернет со неверојатни 2,5 милиони фанови само на Инстаграм.
Можеби не е изненадување што таа доста често добива пораки од познати личности, па дури и од еден „куп“ фудбалери.
Атрактивната бринета беше прашана од еден претплатник на „Твич“ дали ќе излезе на состанок со фудбалерот.
„На состанок со фудбалер? Имаше толку многу пораки од фудбалери на мојот инстаграм профил и тоа е некако чудно за мене. Од никаде еден куп од нив. И тоа од фудбалери на Манчестер Јунајтед, кои се прилично познати. Што се случува?!“.
Таа претходно тврдеше дека била блиску да стави крај на кариерата со создавањето содржини за возрасни, поради загриженоста дека истите тие содржи можат негативно да влијаат врз потенцијалните додворувачи.
„Буквално, снимам сцена двапати месечно“, изјави Скај претходно оваа година и додаде:
„И луѓето се однесуваат како да сум полудена жена за секс, така сите мислат, но јас сум многу ванила, сакам само љубов“.