Легендарниот Марио Андрети, кој е советник за Ф1-проектот на Кадилак, потврди дека Колтон Херта е главен фаворит за место во тимот, во 2026 година, кога ќе му се приклучат на Формула 1 шампионатот.
Американскиот возач што вози во Индикар долго време се смета за потенцијален кандидат, а според Андрети, Џенерал моротс е блиску до конечна одлука за составот на возачите.
- Кога ќе го видите начинот на кој се подготвуваше од самиот почеток на својата кариера, Колтон започна во Формула 3 со Ландо Норис и направи тестирања во Ф1. Зак Браун му даде добар тест во Портимао, а извештајот што го добивме од Андреа Стела беше одличен. Андреа е личност што секогаш ги кажува работите онакви какви што се, така што, според мене, Колтон е одличен кандидат – порача Андрети.
Кадилак уште од самиот почеток потенцираше дека сака комбинација на американски возач со искусен Ф1-ветеран.