„Ѕверовите“ од 300 мил. евра ја враќаат насмевката на лицето на Пеп Гвардиола

48
epa11861908 Manchester City manager Pep Guardiola stands on the touchline during the UEFA Champions League match between Manchester City and Club Brugge in Manchester, Britain, 29 January 2025. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Манчестер Сити и престојново лето ќе потроши многу пари на засилувања затоа што Пеп Гвардиола има големи планови за новата сезона и сака да го измие горчливиот вкус од актуелната сезона.

Трофејниот стручњак се фокусира на две големи имиња како засилување, Флоријан Вирц и Родриго.

Флоријан Вирц наводно е многу блиску до прифаќање на понуда од „Итихад“, затоа што не е приоритет на Реал (М) и речиси е сигурно дека играчот за врска ќе го носи дресот на „граѓаните“ од следната сезона.

Сити е подготвен да плати до 130 мил. евра за Вирц, но и да го испрати Џејмс Мекати во Баер Леверкузен како дел од зделката.

Преговорите се уште траат, но се верува дека се е многу блиску до реализација и Германецот својот талент ќе го презентира на терените на англиската Премиер лига.

Не е тајна дека бразилскиот интернационалец од редовите на Реал (М), Родриго, е најголема желба на Гвардиола. Првата понуда беше одбиена, но Сити веќе подготвува нова спектакуларна понуда.

Шпанците пишуваат дека е подготвена огромна парична сума и дека Сити не се штеди за да го доведе човекот кој долго време е сон на Гвардиола.

Челниците на Манчестер Сити нема така лесно да се откажат од Родриго, тие се подготвени да понудат 150 мил. евра за него“, открива Едуардо Инда и додава:

„И Ливерпул сакаше да го ангажира. Сепак, тие не се толку упорни како Сити“, истакна тој во емисијата „El Chiringuito de Jugones“.

Бразилецот неколку пати изјавуваше дека не сака да си замине од „Сантијаго Бернабеу“, но првиот човек на Реал (М), Флорентино Перез продаваше и поголеми ѕвезди и тешко дека може така лесно да се одбие понуда од 150 мил. евра.

 

 

ИЗДВОЕНИ