Американската влада под претседателот Доналд Трамп треба да интервенира за да ја спречи Европската унија да ги казнува американските технолошки компании за кршење на антимонополските правила, изјави извршниот директор на Мета, Марк Зукерберг.
„Мислам дека е стратешка предност за Соединетите држави што ги имаме најсилните компании во светот и мислам дека дел од стратегијата на Америка понатаму треба да биде да го брани тоа“, рече Зукерберг, додавајќи дека е оптимист дека со Трамп, би било можно, според извештајот.
Зукерберг се пожали дека ЕУ ги принудила американските технолошки компании кои работат во Европа да платат повеќе од 30 милијарди долари казни за кршење на законот во последните две децении.
Минатиот ноември, „Мета“, која управува со „Фејсбук“, „Инстаграм“, „ВатсАп“ и други социјални медиуми и комуникациски платформи, беше казнета со 797 милиони евра поради кршење на антимонополските правила на ЕУ со наметнување нефер услови за тргување на огласувачите.
Зукерберг вели дека спроведувањето на правилата за конкуренција на Европската унија е „речиси како тарифа“ за американските технолошки компании и посочува дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во заминување не успеала да се справи со тоа.
„Ако некој на ваков начин малтретираше друга индустрија за која се грижиме, американската влада веројатно ќе најдеше начин да изврши притисок врз нив, но овде се случи токму спротивното.
„Американската влада водеше одредени напади врз технолошките компании, па ЕУ сфати дека може да прави што сака со нас“, рече Зукерберг.