Зошто не се поставуваат лежечки полицајци пред средното училиште „Свети Наум Охридски“ во Капиштец

155

Две години Општина Центар и Град Скопје не успеале да постават лежечки полицајци или други направи за забавување на сообраќајот пред Државното средно училиште за рехабилитација и образование „Свети Наум Охридски“ во Капиштец.

Од „Шанса за Центар“ реагираат дека заедно со „Зелен хуман град“, пред две години го побарале од двете институции за да се овозможи побезбеден пристап до училиштето за учениците.

-Исто како што тоа пред неколку години беше направено за учениците од ООУ „Киро Глигоров“ само педесетина метри подолу по улицата. Но, учебната година почна и иако уште пред две години добивме одговор дека ќе се постави сигнализација и опрема за забавување на сообраќајот пред пешачкиот премин, состојбата не е сменета – нагласуваат од „Зелен хуман град“.

И додека нашите институции не успеваат да постават лежечки полицајци или друга сигнализација и опрема за забавување на сообраќајот од „Шанса за Центар“  велат дека насекаде во светот вештачката интелигенција доживува бум.

-Се откри вода длабоко под површината на Марс. Роботски автомобили без возачи пренесуваат патници во многу метрополи. Брзите возови во Кина достигнаа брзина од 460 километри на час. Австралијците копаат по 90 метри тунел неделно под Сиднејскиот Залив за изградба на нова подморска метро линија. Сето ова се случуваше во 2023 година и се случува во 2024 година во светот – наведуваат од „Шанса за Центар“.

(А.П.)