На денешното судење за двојното убиство на Вања и Панче на кое останатите обвинети имаат можност да го прашуваат Велибор Манев кој сведочеше на минатото рочиште, таткото на девојчето кој е и обвинет за помагање во грабнувањето, стана од местото каде што седи во судницата и едвај разбирливо со тивок глас го праша:”
Зошто? Зошто дојде со ова? “ по што Велибор му одговори дека за тоа треба да го праша Љупчо Палевски.
Претходно Манев на прашања на бранителот на Александар : “Зошто не го сликавте девојчето и не побарале откуп како што било планот? “ Велибор повторно рече дека за тоа треба да го праша Палевски.
Адвокатот Владимир Туфегџиќ на крај го праша Манев што лично мисли дали ваквото грабнување е форма на тероризам?
По ова реагираше Палевски и даде приговор дека обвинението е за друго кривично дело односно користољубие. Во моментот прашува првообвинетиот Палевски, за секој детал од сведочењето на неговиот партнер во злосторството. “Ти самиот добро знаеш што правевме и како правевме, без брзање, полека- му одговори Велибор. (П.А)