Рускиот претседател Владимир Путин во последните години не испраќа новогодишна честитка во САД бидејќи земјата е непријателска, изјави прес-секретарот на рускиот лидер Дмитриј Песков, пренесува РИА Новости.
„Не испративме (честитка) во последниве години, земјата е непријателска“, изјави Песков за дописникот на „Life“ Александар Јунашев, одговарајќи на прашањето дали Путин планира да испрати новогодишна честитка до новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.