Зошто Данела Арсовска нема да се кандира повторно за градоначалничка на Скопје?

814

Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, во изјава за медиумите денеска, по примопредавањето на шест нови еколошки автобуси за ЈСП, истакна дека политичката атмосфера во државата е премногу поларизирана и дека не сака да соработува со оние кои се фокусирани само на саботажа и блокирање на процесите.

-Од она што се случува во Македонија и Скопје, ова е крајно поларизирана атмосфера во која што политичките елики кои делуваат во државата не сметам дека заслужуваат луѓе кои се обидуваат да придонесат за Македонија. Би сакала да им посакам, барем еднаш, да докажат и покажат пред луѓето дека она што го говорат, ќе можат да го реализираат, за да имаат поддршка од нив. Јас кога се кандидирав за градоначалник ја имав поддршката од ВМРО-ДПМНЕ која не успеа да се надмине себеси, односно нејзиното раководство. Суетите се преголеми за да дозволите на некого да работи без да му кажувате што и како да прави. Јас никогаш повеќе не би сакала да работам со луѓе кои што само саботираат и блокираат, кажа Арсовска.

Во однос на прашањето дали новите автобуси се дел од предизборната кампања за локалните избори, Арсовска нагласи дека не планира да влезе во политички дискусии, но увери дека граѓаните ќе можат да проценат кои се оние што навистина се обиделе да ги решат проблемите со јавниот превоз во изминатите три години.