Принцот Хари и Меган Маркл се трудат да си ја вратат репутацијата. Сепак, само 30 отсто од Британците имаат добро мислење за принцот, како и 53 отсто од Американците.
Откако автобиографијата „Spare“ и документарецот на Нетфликс пропаднаа и ги покажаа само како непочитување на британската традиција, Сасекси почнаа да објавуваат нови проекти, но ниту еден од нив не успеа да го врати позитивното мислење на јавноста.
Сега само 30 отсто од Британците имаат позитивно мислење за принцот Хари. Освен своите сограѓани Британци, принцот Хари не ги сака многу ниту Американците. Иако повеќе од половина од анкетираните, само 53 отсто од Американците мислат позитивно за Хари.
Сепак, мислењето на експертот Ингрид Севард е дека и тоа би можело да се промени бидејќи многу Американци негодуваат за негативните зборови на Меган и Хари за покојната кралица.
„Многу зборувам со Американците и не ги сакаат Хари и Меган. Мразат што ја изневерија кралицата“, рече таа.