Селекторот на Словенија, Урош Зорман, го објави списокот со ракометари за двомечот со Македонија, во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство во 2026 година. Првиот дуел се игра на 12 март, во Скопје, додека реваншот е четири дена подоцна, во Скопје.

Зорман ќе има на располагање силен состав предводен од Блаж Јанц и Алекс Влах, но нема да смета на Доленец, Мачковшек, Новак, како и на Цехте и Овничек, кои се повредија на Светското првенство во јануари годинава.

На списокот на репрезентацијата на Словенија се најде и Домен Тајник, ракометарот на Пелистер.

ИЗДВОЕНИ