Зоран Заев единствениот политичар од Балканот кој се најде во мемоарите на Меркел

1193
Фото: screenshot

Во нејзините мемоари од 740 страници „Freiheit“ (Слобода), кои беа објавени на 26 ноември 2024 година, поранешната германска канцеларка Ангела Меркел сега открива што претпочитала да задржи за себе за време на нејзиниот мандат. Мемоарите откриваат како се чувствувала оваа голема државничка за време на посетите на странските делегации во нејзиниот кабинет, особено истакнувајќи ги нејзините емоции и трепетот што понекогаш го доживувала.

Во писанието на Меркел, се спомнуваат многу државници од различни декади, но кога станува збор за регионот, единствен политичар од Балканот кого Меркел го спомнува е поранешниот македонски премиер Зоран Заев, објави на Х германскиот новинар Михаел Мартенс од „Франфуртер алгемајне цајтунг“. Тој пишува дека Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната канцеларка експлицитно го споменува во своите мемоари.

Меркел, како што пишува германскиот новинар, не ги спомнува ниту српскиот претседател Александар Вучиќ, ниту премиерот на Албанија, Еди Рама, ниту Бојко Борисов ниту поранешниот српски претседател Борис Тадиќ.

„Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц не се споменува. Поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, исто така. На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува ‘храбар и решителен’“, пишува германскиот новинар Михаел Мартенс во својата објава на Икс.

Мемоарите на Ангела Меркел насловени како „Слобода“ беа промовирани во Берлин, по три години откако таа ја напушти функцијата.

Меркел во своите мемоари за Западен Балкан: „Само членството на сите земји во ЕУ може да обезбеди мир“