Злосторство во Србија: Пронајдени две тела во шума

80

Утринава околу 10 часот во шумата во Обреновац биле пронајдени две тела, дознава Танјуг. Телата биле пронајдени во шумата зад Новите гробишта во тој град.

Се уште не се знае како загинале лицата, а полицијата работи на утврдување на сите околности на настанот.

Белградските медиуми јавуваат дека инволвирани те лица се мигранти и дека синоќа во тепачка во близина на локацијата биле повредени двајца мигранти.

„Во тепачката се повредени двајца мигранти. Тие со возило на брза помош се пренесени во Ургентниот центар каде им се констатирани повреди и им била укажана помош“, изјавил извор за медиумите по инцидентот.

Инспекторите од Управата за криминалистичка полиција, кои во меѓувреме биле информирани за инцидентот, при увид во шумата кај гробиштата пронашле тела на уште двајца мигранти.

„На нивните тела има видливи повреди, најверојатно нанесени со остар предмет. Претпоставката е дека се работи за конфликт меѓу мигранти“, додава добро информиран медиумски извор.

Истрагата за ова кривично дело е во тек.

ИЗДВОЕНИ