Вечерва околу 22 часот се случи убиство во Нови Сад. Како што објавија српските медиуми, сопругот ја убил сопругата во станот во кој живеел парот.
Полицијата на лице место затекнала маж и веднаш бил приведен во полициска станица.
Како што дознава „Блиц“, во станот било пронајдено тело на жена, а делото во полиција го пријавило нивното шестгодишно дете.
Неофицијално се работи за триесет и деветгодишна жена.
На нејзиното тело биле пронајдени повеќе убодни рани.
View this post on Instagram