Злосторство во Ниш: Ќерка ја заклала мајка си, била психијатриски случај и се жалела дека родителите ја малтретираат

631

Шеесет и деветгодишната Зорица.Ц. синоќа била убиена во својата куќа во населбата Никола Тесла во Ниш, а според првичните информации делото го извршила нејзината ќерка Марина.

Пред куќата во која живеела Зорица со сопругот и ќерката, полицијата се уште врши увид, па се уште нема официјални информации за овој настан. Соседите на ова семејство велат дека имале многу проблеми, дека полицијата постојано доаѓала.

Ќерката повеќе време поминуваше во психијатриска болница отколку дома. Се пожалила дека родителите ја малтретираат и дека ја изгладнуваат – велат соседите. Истрагата ја води Вишото јавно обвинителство во Ниш. Неофицијално, ќерката со нож и го пресекла грлото на мајка си.