Американскиот филм „Мадам Веб“ освои три награди „Златна малина“ – за најлош филм и најлошо сценарио, а Дакота Џонсон ја доби титулата за најлоша актерка.
По две „награди“ за најлош филм во 2024 година добија филмовите „Joker: Follie A Deux“ и „Unfrosted“, додека петкратниот оскаровец Френсис Форд Копола е прогласен за најлош режисер за филмот „Мегалополис“, според веб-страницата Razzies Awards.
Ѕвездите на „Џокер“ Хоакин Феникс и Лејди Гага исто така се прогласени за најлоша двојка на големото платно.