„Златна бубамара 2025“ по 28. пат: Петчасовното уникатно шоу за сите генерации и без пејачи од поранешната Југославија

7869

Ноќ исполнета со смеење, музика и шеги на сметката на промената на државниот грб!                                                                                                        Оваа година, но за првпат од постоењето на „Златна бубамара“ немаше ниту еден ексклузивен гостин од просторите на некогашна Југославија, кога сцената ечеше со песните на: Бајага, Џибони,Јелена Розга, Жељко Самарџиќ,Бора чорба, Северина, Мирослав Илиќ, Петар Грашо…. Затоа имаше пејач од она вистинското странство. Дури од Јапонија. Одличниот Казухиро Котецу кој на македонски јазик ја испеа старата незаборавна песна „Ако умрам ил’ загинам“!

Шоуто за сите генерации 28. „Златна бубамара на популарноста“ стартуваше со инклузивната химна „Гуш и бац“, која ја пееја Мијата, Денис Јанкуловски, хорот на „Златно славејче“ и група деца.

Потоа на сцената излезе легендарната Зорица Поп-Панкова, која сите нè потсети на големиот хит „Диско пар“, овој пат испеан во дует со новата музичка надеж, пејачката Ана Петановска. Ана го пееше заедно и со Сашо Гигов-Гиш неговиот голем хит „Моја гитаро“.

Сепак хумористичните делови им беа препуштени на мајсторите на забавата, актерите Тино Костадиновски, Жарко Јовановиќ и Сашко Коцев.

-Македонскиот грб има сè што треба. Има река, има планина, а јас само би му додал магла и загаденост, порача Коцев што сериозно, што шеговито, што иронично, па кој разбрал-разбрал. Во еден момент беше и навистина многу сериозен.                            – Ако на тој новиот грб не видам подобро здравство, подобро образование, посреќни деца, спортисти горди на својата земја, нема проблем, сменете сè! Но, според приложеното, и тоа ќе го упропастите. Затоа, не чепкајте ништо, и притоа Коцев доби огромно ракоплескање од многубројната публика во арената „Борис Трајковски“.

Интересно е што оваа година, но првпат од постоењето на „Златна бубамара“, немаше ниту еден ексклузивен гостин од просторите на некогашна Југославија, кога сцената ечеше со песните на: Бајага, Џибони,Јелена Розга, Жељко Самарџиќ, Бора чорба, Северина, Данијела, Мирослав Илиќ, Петар Грашо… Затоа имаше пејач од една далечна земја. Дури од Јапонија. И тоа одличен пејач Казухиро Котецу, кој на македонски јазик ја испеа старата незаборавна песна „Ако умрам ил загинам“(од репертоарот на Јонче Христовски), воедно поздравувајќи ја публиката исто така на македонски јазик.                                                                                                        Награда за хит на годината ја добија Слаткар и „Некст тајм“ за песната „Океани, посветена на иселениците, а Слаткар притоа загрижено кажа:„Им порачувам на оние кои ја водат државата да се трудат младите да останат тука, за да ние уметниците не правиме веќе вакви тажни песни“.

Во шоуто своето учество го имаше и популарната Калиопи која доби дури три Златни статуетки со Бубамара: за пејачка на годината, албум на годината и за концерт на годината. Испеа неколку песни во куса верзија, а со евергринот „Бато“, пак, публиката ја доведе до делириум од емоции.

Наградата за Трајни музички вредности во забавната музика ја доби пејачот Дарио Панковски, кој оптимистички изјави дека тоа не е крај, туку дека уште долго ќе трае. Благодарност до Дарио и за тоа што само тој ги спомна новинарите како составен дел од неговата успешна кариера!                                                                                      На секој од нас остави прекрасен впечаток со изјавата: “Облаците се за птици, не се за луѓе. Вон сцената бидете приземни и љубезни, а на сцената најважното нешто на светот е публиката – само поради неа постоиме. Почитувана публико низ цела Македонија, длабоко, длабоко Ви се поклонувам.” Браво, браво Дарио!!!

Во народната музика, Наградите за Животно дело споени со Трајните музички вредности заслужено отидоа во рацете на интерпретаторите Сузана Спасовска и Перо Христов. Сузана на сцената доби и голем букет цвеќе, подарок од нејзината ќерка Теона. Тие ја потсетија публиката на своите секогаш омилени песни „Судбо моја, судбино“ и „Нема живот, Ангелино“.

Групата „Меморија“ ја доби награда за рок-група на годината, и имаа чувствителен настап. Првата песна „За тебе“ беше посветена на починатата сопруга на пејачот Апостол Икономов-Поце, додека втората песна, „Само на добро нека е“, беше испеана со прилепчанецот Филип, кој не само што е лице со посебни потреби, туку е и нивен голем фан.За популарноста се наградени и шоумените од „К-15“, кои овој мај ќе имаат два настапа во арената „Борис Трајковски“! „Ние веќе десет години не сме на сцената, а за среќа популарноста на ‘К-15‘ не престанува“, порача Бранко Огњановски попознат како Миле Паника. И навистина, целото шоу (кое ќе го видиме деновиве во одложена снимка на ТВ Канал 5) беше без паника. Само опуштено, релаксирано и со многу музика и смеа!

Дуле Миќиќ

 

ИЗДВОЕНИ