Златко Јаќовски го искачи највисокиот врв во Индонезија

52

Златко Јаќовски го искачи врвот Charstensz Pyramid (Puncak Jaya) – Индонезија, на надморска височина од 4.884 метри. Федерацијата на планинарски спортови на Македонија информираше дека Јаќовски, на 8 март 2025 година во 2:20 часот по локално време, го започнал искачувањето на врвот.

– За околу пет часа искачување, од врвот, тој уживал во спектакуларната глетка кон околните долини, неколку глечерски езера, крајбрежјето на океанот во близина на градот Тимика и највисокиот рудник за злато во светот – соопштија од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

Ова искачување за Златко е од големо значење за Македонија бидејќи е дел од проектот „Највисок врв од седумте континенти“, заедно со: Монт Еверест 8.849 мнв (Азија), Аконкагва 6.961 мнв (Јужна Америка), Денали 6.194 мнв (Северна Америка), Килиманџаро 5.895 мнв (Африка), Елбрус 5.642 мнв (Европа и Русија) и Винсон 4.892 мнв (Антарктик).

– За успешно завршување на проектот „7 Summits“ останува уште врвот Винсон на Антарктик за кој се надеваме дека ќе го искачи во блиска иднина и повторно со гордост ќе ја претстави Македонија – велат од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.

 

ИЗДВОЕНИ