На натпреварот од АБА 2-лигата помеѓу Борац од Бања Лука и Златибор, кој се одигра во вторникот, се случи невиден преседан. Златибор одигра еден дел од натпреварот со шестмина кошаркари на теренот, што не го забележаа судиите, но, очигледно, ниту противничките актери, додека „екстра играчот“ не седна на клупата.

Тимот на Златибор дури и постигнуваше поени кога имаше шестмина играчи на паркетот, а тоа беше забележано токму кога беше поставена одбраната човек на човек, а „шестиот“ немаше кој да чува во тој момент.

По околу една минута, Златибор повторно имаше петмина на паркетот, но ниту тоа не му помогна да победи. Борац забележа триумф од 93:90 по продолжението, а останува да се види дали лигата на крајот ќе поведе постапка и дали ќе има казни за ваквиот аматерски гаф.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tri Korne Penal (@trikorne_penal)