Златан Ибрахимовиќ ги загуби нервите и подготвува радикален потег

221
epa11761049 Swedish former soccer player and AC Milan's senior advisor Zlatan Ibrahimovic looks on during the Italian Serie A soccer match between Atalanta BC and AC Milan, in Bergamo, Italy, 06 December 2024. EPA-EFE/MICHELE MARAVIGLIA

Во Италија се крена голема прашина по последните натпревари во Серија А и неколкуте лоши судиски одлуки, но и поради лошата конверзација со ВАР системот. Додека другите некако молчат и трпат, техничкиот директор на калчо гигант Милан, Златан Ибрахимовиќ, ги загуби нервите и подготвува радикален потег.

Легендарниот шведски фудбалер најави дека ќе испрати писмо до Судиската организација во Италија и ќе побара објаснување за спорните ситуации на натпреварот Емполи – Милан, но и на другите натпревари во Италија каде имаше сериозни судиски грешки.

Милан го доби тој натпревар како гостин со резултат 2:0, но полемика предизвика црвениот картон за англискиот интернационалец Фикајо Томори.

Поточно, Томори го доби вториот жолт картон во 55. минута, а многумина сметаа дека е престрого казнет.

„Росонерите“ ги налути тоа што судијата не ни помисли да погледне на ВАР по дискутабилниот фаул, а потоа беше потврдено дека пред стартот фудбалерот на Емполи бил во офсајт.

Ова го налути Ибрахимовиќ, кој истакна дека тоа е уште една грешка во серијата на италијанските судии.

Легендарниот напаѓач не е задоволен од судењето и првиот чекор е протестно писмо до судиската организација во Италија.

Забелешки на судењето имаат и останатите клубови, но сепак трпат одредени неправди, пишуваат медиумите во Италија.

Најчестите грешки се случуваат со ВАР системот, а најзагрижувачки е фактот што во некои ситуации судиите не комуницираат со ВАР-собата, која не реагира.

Популарниот Ибракадабра прв реши да го крене гласот, а дали ќе ја има поддршката од останатите клупски претставници ќе видиме.

ИЗДВОЕНИ