EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кошаркарот на Партизан и потенцијален репрезентативец на Србија, Ален Смаилагиќ, по три години минати во „црно-белиот“ дрес се реши за првиот меѓународен предизвик во Евролигата. Тој и официјално беше претставен во дресот на Жалгирис. Договорот со поранешниот европски првак е на една сезона, со можност да остане уште една, што значи дека ќе мора постојано да се докажува во текот на следната натпреварувачка година, за да го убеди тренерот Андреа Тринкиери дека заслужува да остане на истата адреса во сезоната 2025/26.

  • Многу сум среќен што станав член на Жалгирис. Со нетрпение ја очекувам новата сезона, победите, како и запознавањето со навивачите и играчите, изјави Смаилагиќ како нов член на Жалгирис.