Група меѓународни научници објавија дека пронашле нови докази за поддршка на теоријата дека сложениот живот на Земјата можеби започнал 1,5 милијарди години порано отколку што се мислеше.

Тим кој работи во Габон откри докази кои покажуваат дека постоеле услови за живот на едноклеточни животни пред две милијарди и сто милиони години, пишува „Би-Би-Си“.

Научниците од Франсвил, Габон го проучувале хемискиот состав на карпата на која е откриена формацијата, која до сега не е со сигурност утврдено дали е фосил и откриле дека условите за живот постоеле непосредно пред појавата на формацијата, бидејќи утврдиле високи нивоа на кислород и фосфор како резултат на судир на две континентални плочи под вода, што довело до создавање на вулканска активност.

Резултатите од тие истражувања беа објавени во списанието „Precambrian Research“. Научниците изјавија дека овие организми не се рашириле на глобално ниво и на крајот изумреле.

Овие идеи претставуваат големо отстапување од конвенционалното научно размислување, бидејќи повеќето експерти веруваат дека животот на животните започнал пред околу 635 милиони години, според „Би-Би-Си“.