Холандскиот интернационалевц од редовите на Манчестер Јунајтед, Џошуа Зркзе нема најдобар старт во англиската Премиер лига. Младиот напаѓач раскина со својата долгогодишна девојка непосредно пред да им се приклучи на „црвените ѓаволи“ од редовите на италијанскиот калчолигап Болоња.
Станува збор за манекенката Селина Џејда Кер, по што Зиркзи остана сам, но очигледно раскинувањето е една од причините за неговиот психички пад.
Во актуелната сезона одигра 25 натпревари и постигна само четири гола, што не е чудно ако се земе предвид кого загуби.
Имено, Селина бешее со Зиркзе од неговата 16-та година, кога потпиша за германскиот гигант Баерн (М).
Врската и приватниот живот ги задржаа на страна и не објавуваа многу фотографии на социјалните мрежи. Тие направија соработка со JD Sports каде промовираа спортска облека и обувки.
Очигледно нејзиното заминување се одрази на Зиркзе, кој воопшто не изгледа добро како на зелениот терен така и надвор од него.
Исто така, поранешната двојка веќе не се следи на социјалните мрежи, а Селина избриша и мал број фотографии кои ги постирала на Инстаграм.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим, веќе упати предупредување до напаѓачот и посочи дека мора да се работи уште многу. Во спротивно, можно е Зиркзе Циркзи веќе во јануари да го напушти „Олд Трафорд“.