Смути од цвекло и банана е одличен зимски пијалак полн со витамини и минерали. Високо со калциум, влакна, манган, магнезиум, калиум, рибофлавин, витамин Ц и витамин Е, овој напиток е идеален оброк за брз утрински појадок, особено по празниците.
Светло розовата боја на ова смути доаѓа од цвеклото, кое е богато со калиум, калциум, магнезиум, манган и железо.
Содржи и витамини од групата Б, меѓу кои најмногу се издвојуваат рибофлавинот и витаминот Ц, што го прави овој напиток идеален за студените зимски месеци и за зајакнување на енергијата наутро, пишува miss7zdrava.24sata.hr.
Калциумот е минерал кој ја регулира киселинско-базната рамнотежа во сите телесни течности, додека магнезиумот и железото придонесуваат за намалување на заморот и исцрпеноста.
Манганот, исто така минерал, го олеснува метаболизмот на протеините и јаглехидратите и ги активира ензимите одговорни за искористување на клучните хранливи материи, како што се витамините Б, кои се неопходни за имунолошкиот и нервниот систем.
Витаминот Ц е исто така добар за функцијата на имунолошкиот систем и здравјето на кожата, а е и моќен антиоксиданс. Калиумот им помага на мускулите и нервите да комуницираат, да ги преместуваат другите хранливи материи во клетките и да го одржуваат нивото на натриум во телото.
Рецепт за смути со цвекло и банана
Состојки:
- 1 мало печено цвекло
- 1/2 замрзната банана
- 1 шолја млеко по избор
- прстофат сол
- засладувач по избор (како урми, стевиа или јаворов сируп)
- 1 лажица какао во прав, по желба
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки во блендер додека не се соединат, истурете ги во висока чаша и уживајте.