Во пресрет на новогодишните и на божиќните празници, на 22 декември, во спортската арена „Јане Сандански“ ќе се одржи „Зимска бајка“, во организација на продукцијата „D-Sound“.
Како што најавува организаторот, се работи за новогодишен спектакл за деца, со омилените ликови.
Ќе настапат „златните славејчиња“, „поточињата“, Биби и Боби, а децата ќе другаруваат и со маските од „Pаw Patrol“ („Патролни шепи“).
Според програмата, ќе настапат Андреј и Панчо од ДНК.
Картите за „Зимска бајка“ може да се купат на kupikarta.com.