Легендата на Франција и Реал (М), Зинедин Зидан избра играч за кој мисли дека ќе ги надмине апсолутно сите во фудбалот.
Популарниот Зи-Зу се смета и е запаметен како еден од најдобрите играчи од средниот ред кој некогаш бил дел од најважната споредна работа. Играше за клубови како Реал (М), Кан, Бордо и Јувентус, постигна вкупно 125 голови на 695 натпревари.
Откако ги закачи копачките, Зидан двапати го водеше „кралскиот клуб“, освојувајќи три титули во Лигата на шампионите меѓу другите трофеи. Покрај тоа, се уште се шпекулира дека тој ќе го наследи Карло Анчелоти во Мадрид.
Зидан даде интересен коментар и на прашањето кој играч би можел да ги надмине сите.
„Мбапе. Сега е во Мадрид, знам дека ќе надмине се, ова е само почеток“, изјави легендарниот Французин за својот помлад сонародник кого еден ден би можел да го тренира.
И покрај тешкиот почеток на животот во шпанската престолнина, Мбапе досега има постигнато 21 гол и забележано три асистенции на 31 натпревар.
Во текот на викендот, 26-годишниот фудбалер постигна хет-трик во победата на Реал од 3:0 на гостувањето кај Ваљадолид. Зборувајќи по натпреварот за Мбапе, тренерот на Реал (М), Карло Анчелоти изјави дека Французинот конечно го пронашол својот ритам.
„Мбапе му носи многу на тимот, веќе неколку месеци влегува во ритам и денеска го постигна првиот хет-трик. Тоа е очигледно плус за нашиот тим, тој е играч со голем квалитет. Малку по малку влеговме во добар ритам, влеговме во добра динамика и тоа е одлично да се види“, изјави италијанскиот стручњак.