Директорката на кочанската болница д-р Кристина Серафимова на прес-конференција изјави дека загинатите во пожарот во дискотеката синоќа се од Скопје, Штип, Пробиштип и Кочани. Таа рече дека жртвите биле на возраст меѓу 14 и 24 години.
„Примивме 70 лица, за жал, некои починаа. Пациентите беа со изгореници и труење со јаглерод моноксид. Потоа беа префрлени во Клиничката болница во Штип, а некои од таму беа испратени во Скопје. Моментално имаме 20 пациенти со поблаги симптоми. Многумина ги загубија животите, но додека не се заврши идентификацијата, не можеме да соопштиме точен број на жртви. Починатите се на возраст од 14 до 24 години“, изјави директорката на болницата во Кочани, д-р Кристина Серафимова.
Таа вели дека првиот повик го добила во 2 часот и 48 минути, а болницата веднаш била мобилизирана.
„Првиот повик беше во 2 часот и 48 минути по полноќ. Целата болница се мобилизираше, почна да ги носи првите пациенти. Бидејќи имавме помал број возила, директорот се обрати до градовите од источна Македонија, но и од Скопје и Велес.
Телефонски броеви за информации за повредените во пожарот во Кочани
Во моментот на пожарот во дискотеката имало најмалку 1.500 луѓе. Снимките кои кружат на интернет покажуваат дека гостите во диско се забавуваат, додека прскалките се активираат во близина на сцената.
Бројот на жртви во дискотеката во Кочани се искачи на 59, издадена потерница по четири лица
Во еден момент прскалките удриле во таванот и моментот бил фатен како таванот почнал да гори. Гостите во паника се обиделе да го изгаснат пожарот кој со молскавична брзина почнал да го зафаќа покривот.
Моментот на избувнувањето на пожарот во дискотеката во Кочани (ВИДЕО)