epa11916484 Andrey Rublev of Russia in action during the final match against Jack Draper of Britain at the Qatar Open tennis tournament in Doha, Qatar, 22 February 2025. EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Рускиот тенисер Андреј Рубљов, кој моментално е на осмото место во светот, смета дека системот за допинг контрола што моментално се користи не е добар. Тенисерите мораат секојдневно да го пријавуваат своето престојувалиште во траење од еден час, а доколку на денот кога антидопинг агенцијата ги побара, три пати не бидат достапни, се смета дека ги прекршиле правилата, што може да донесе суспензија од една или две години.

– Тоа е прашањето што ме плаши. Секој час од денот треба да запишеме каде ќе бидеме. Ако заборавите или не сме таму, тоа е една од трите грешки. Не е фер. Тоа ве принудува да живеете во постојан стрес – рече тој.

Русинот и претходно го критикуваше овој систем на допинг контролата. Тој кажа дека неодамна заборавил да направи промена во распоредот.

– Заборавив да го сменам распоредот бидејќи пристигнав во Мадрид. За среќа, ништо сериозно не се случи.

Тој исто така истакна дека е загрижен за потенцијалната можност индиректно да стигне до него илегална супстанција, како што се случи на пример со Јаник Синер.

– Со текот на годините станав претпазлив за земање лекови. Ако се чувствувам лошо, избегнувам да земам било што. За среќа, можам да разговарам со лекарите, но тоа не е случај за сите.

Мора да внимава и на исхраната.

– Општеството ме тера да се сомневам, дури и во храната. Во месото има забранети материи. Може целосно да ве излуди.

 

 

ИЗДВОЕНИ