На 19.04.2025 околу 19.20 часот во с.Побожје, општина Чучер Сандево, полициски службеници од Полициското одделение Мирковци при СВР Скопје запреле товано возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(48) од с.Танушевци, скопско. При преглед и контрола во возилото биле најдени 192 пакети со стока за кои лицето не поседувало никаква докумантација.
Поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик, Е.А. бил лишен од слобода и заедно со возилото бил спроведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот и во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.