Жител на прилепско Мажучиште загина од удар на гром

34

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку бројот 112 вчера во 17.39 часот, била добиена пријава за починато лице за коешто јавувачот известил дека најверојатно е погодено од гром во село Мажучиште, Општина Прилеп.

За ова, од Секторот за операции и координација на ЦУК, веднаш биле известени во МВР и во Итната медицинска помош (ИМП) за понатамошна постапка.

Според последната информација добиена од РЦУК Битола, лицето од село Мажучиште било погодено од гром по што е пренесено во Итна медицинска помош во Прилеп и била констатирана неговата смрт.

ИЗДВОЕНИ