Жесток одговор од Словачка на потегот на Зеленски: Фицо подготвува драстична мерка за Украинците во земјата/ВИДЕО

26

Словачкиот премиер Роберт Фицо вечерва се закани дека неговата партија Смер-СД („Смер – Социјалдемократија“) е подготвена да го поддржи намалувањето на помошта за Украинците во Словачка како одговор на прекинот на транзитот на гас од Киев.

Во своето видео обраќање објавено на социјалната мрежа Фејсбук, Фицо рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски почнал да ги саботира јавните финансии на Словачка и да ги поткопува финансиските интереси на целата Европска унија.

– Словачка мора да покаже дека е суверена земја – изјави Фицо и рече:

– Во име на Смер-СД, објавувам дека сме подготвени да разговараме и да постигнеме договор во коалицијата за прекин на снабдувањето со електрична енергија и значително намалување на поддршката за граѓаните на Украина кои се на територијата на Словачка – – изјави Фицо.

Тој изрази надеж дека и партнерите во коалицијата сериозно ја сфаќаат ситуацијата поврзана со прекинот на транзитот на гас преку територијата на Украина.

ИЗДВОЕНИ