Жесток одговор до Трамп: ЕУ нема да дозволи напад на нејзините граници

49
EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Европската унија нема да дозволи други земји да ги напаѓаат нејзините суверени граници, рече шефот на француската дипломатија, одговарајќи на коментарите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за преземање контрола врз Гренланд.

Трамп одби да отфрли воена или економска акција како дел од неговата отворена желба САД да ја преземат контролата врз Гренланд и Панамскиот канал.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека не верува дека САД ќе го нападнат огромниот арктички остров кој е дел од Данска повеќе од 600 години.

„Очигледно не доаѓа предвид дека Европската унија ќе им дозволи на другите земји во светот да ги напаѓаат нивните суверени граници, кои и да се тие“, изјави тој за радиото Франс Интер.

„Ние сме силен континент“, додаде тој.

Изјавите на Трамп дополнително ја илустрираа неговата експанзионистичка агенда, две недели пред неговата инаугурација на 20 јануари во Вашингтон.

„Ако ме прашате дали мислам дека Соединетите Американски Држави ќе извршат инвазија, мојот одговор е „не“, рече Баро. Но, дали влеговме во период во кој станува збор за преживување на најспособните: Тогаш мојот одговор е „да“, рече Баро.

Тој порача и дека Унијата не треба да дозволи да биде заплашена или претерано загрижена, туку да се разбуди и да зајакне.

ИЗДВОЕНИ