Жесток напад врз Русија: Гори едно од најголемите складишта за ракети/ФОТО/ВИДЕО

122
Фото: X KyivPost

Украина синоќа изврши напад со дронови врз складиште со проектили и муниција во руската област Твер.

Големиот напад на украински беспилотни летала во руската област Твер предизвика огромна експлозија и принуди делумно евакуација на населението во близина на местото на големото руско складиште за оружје во средата, јавува Ројтерс повикувајќи се на воени блогери и медиуми и додава дека нема информации за жртви.


Во објавата на Киев на официјалниот профил на социјалната мрежа Х се наведува дека рано утринава се уште одекнуваат детонации и дека пожарот зафатил површина од пет квадратни километри.

Се вели дека ова е веројатно најголемиот украински удар на руска територија од почетокот на војната. Украинските медиуми покажаа сателитски податоци на НАСА FIRMS кои го потврдуваат тоа.

Се наведува дека беспилотните летала паднале на еден од најголемите складишта на ракети и муниција во Русија. Во тој реон започна евакуација на населението од неколку населени места.

Според државната новинска агенција РИА, Русија во 2018 година изградила складиште со проектили, муниција и експлозиви во Торопетс, град стар 1.000 години со население од нешто повеќе од 11.000 жители. Руските државни медиуми сугерираа дека станува збор за голема залиха на конвенционално оружје.