
Близок извор до таборот на најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус, откри дека раководните лица ја разгледуваат и опцијата да испратат понуда до трофејниот француски стручњак, Зинедин Зидан. „Старата дама“ пред десет дена стави крај на соработката со Тијаго Мота, а неговиот наследник, хрватскиот стручњак, Игор Тудор, има договор до крајот на актуелната сезона.