
Еден дел од италијанските медиуми ја пласираа и информацијата дека предводникот на калчолигашот Комо, Сеск Фабрегас, е фаворит кога е во прашање тренерската позиција во редовите на Милан. Португалецот Серџо Консеисао е актуелен предводник на „росонерите“ но поради лошите резултати во Серија А големи се шансите да добие отказ на крајот од сезоната.