Хајди Клум му откри на целиот свет која е нејзината омилена вежба. Во интервју за „Тајмс“, германската суперѕвезда искрено призна дека тоа е онаа во собата.
Таа алудираше на сексуалниот живот со сопругот Том Каулиц.
Тој има 35 години, а Хајди 51 година.
„Вежбата во собата. Немам поплаки за тој живот. Подобро звучи на француски“, се пошегува Хајди.
Таа додаде дека поради животниот ритам нема проблеми со вишокот килограми.
„Имам помлад сопруг. Исто така трчам многу, имам четири деца. Немам асистент, па немам луѓе да ми ги пакуваат или носат работите, сé правам сама“, вели Клум.
На прашањето дали сексот со Том е добар, Клум брзо одговорила.
„Многу добар“, рекла ѕвездата.
Ако се прашува Том, Хајди секогаш ќе изгледа исто.
„Мојот сопруг секогаш би ме сакал во розови мини здолништа. Тој може да носи било што. Го сакам во костум или искинати фармерки – но најмногу кога не носи ништо“, призна Хајди.