Женско бебе кај пони коњите

309

Од скопската Зоолошка градина споделија радост. Женско бебе се родило кај пони коњите. Исто така, се родија и уште еден пар близначиња во екипата од Мадагаскар.

-Ова е втор пар близнаци кои ги добивме оваа пролет кај лемурите кои се исклучително загрозен вид, но скопската клима, условите како и грижата од зоонегувателите ни донесоа повеќе бебиња – информираат од скопската Зоолошка градина.

Оттаму додаваат дека кај нив во последните 30 денови, има околу 30 нови бебиња.

 

ИЗДВОЕНИ