Жените во Газа се принудени да ја потстрижат косата поради недостиг на шампони и загадена вода

80
EPA-EFE/HAITHAM IMAD

Жените и девојките во Појасот Газа се принудени да ја потстрижуваат косата поради недостаток на шампон и чешли, како и поради загадена вода што доведува до кожни и габични инфекции, како и шуга.

Израелската блокада на палестинската енклава придонесува за брзо ширење на заразни болести, а населението се соочува со недостиг на сапун, шампони, производи за менструација и средства за чистење, пренесува Ројтерс.

„Во изминатиот период најчести болести што се забелажани се осип на кожата и други кожни болести, кои се причинети од пренатрупаност во камповите, зголемена топлина во шаторите, потење кај децата, недостаток на вода за капење“, рече Лобни ал-Азаизи, доктор во болницата Камал Адван во Појасот Газа.