Жените се повеќе склони кон прекумерно консумирање алкохол кога имаат повисоко ниво на естроген, покажа новото истражување на научниците од Медицинскиот колеџ Веил Корнел во Њујорк.
Студијата откри дека односот на жените кон прекумерното пиење е поврзан со нивното ниво на естроген, поради што, во периоди на високи нивоа на хормони, тие консумираат големи количини на алкохол во првиот половина час откако почнале да пијат.
Истражувачите, чии наоди беа објавени во списанието Natures Communications, открија дека естрогенот придонесува за различните пристапи на мажите и жените кон прекумерната употреба на алкохол, пишува Independent.
Тие ги разгледувале нивоата на хормони за време на менструалните циклуси на женските глувци пред да им дадат алкохол, откривајќи дека женските глувци пиеле многу повеќе кога имале високи нивоа на естроген.
„Естрогенот има толку моќни ефекти врз многу однесувања, особено кај жените. Затоа, логично е тоа да влијае и на пиењето“, вели научникот Кристен Плејл.
Таа објасни дека досега многу помалку се знаело за „што го тера однесувањето на жените да консумираат алкохол, бидејќи повеќето од студиите за употреба на алкохол биле направени кај мажи“.
Истражувачите велат дека студијата може да помогне во лекувањето на алкохолизмот, бидејќи контролирањето на естрогенот може да помогне да се намали потрошувачката на алкохол кога нивото на хормоните се зголемува.