Младоста е нешто што секоја жена го посакува, но не секоја ја има привилегијата да ја ужива.
Постојат неколку мали трикови кои некои припаднички на понежниот пол ги користат.
Младоликите жените имаат поголема веројатност да достигнат старост, во споредба со дамите на иста возраст кои изгледаат постаро и имаат повеќе брчки.
Ова го тврдат научниците од Балтимор од Универзитетот Џон Хопкинс, откако спровеле истражување во кое барале причини за побавно и побрзо стареење.
Анализирајќи ја појавата на брчки, кожата на лицето и здравствените состојби на испитаниците со просечна возраст од околу 63 години, тие откриле дека жените кои се помалку склони кон кардиоваскуларни болести изгледаат најмалку две години помлади од нивните врсници кои се подложни на овие болести.
„Заклучивме дека младоликите жени генерално немаат проблеми со висок крвен притисок, што ги прави поотпорни на кардиоваскуларни болести и на можноста да доживеат срцев удар.
„Покрај тоа, за прв пат беше откриена врска помеѓу нискиот крвен притисок и младешкиот изглед, што во голема мера зависи од здравиот начин на живот. Затоа, здравиот начин на живот треба да стане императив за секој возрасен, особено затоа што високиот крвен притисок е познат како тивок убиец, бидејќи не дава видливи симптоми, благодарение на што би можело да се реагира навремено“, истакна членот на истражувачкиот тим д-р Дејвид Грин.