„Жената која ја освои Европа“: Мелони го посети Трамп на Флорида/ВИДЕО

20

Вчера, италијанската премиерка Џорџија Мелони го посети новиот претседател на САД Доналд Трамп во неговото одмаралиште Мар-а-Лаго во Флорида. Таа беше пречекана со овации и е меѓу првите лидери од ЕУ, и од светот, што го посетува Трамп откако тој беше по вторпат избран за претседател.

„Ова е многу возбудливо. Тука сум со фантастична жена, премиерката на Италија. Таа навистина ја освои Европа, а и останатиот свет, и ноќва само заедно ќе вечераме“, рече Трамп.

Мелони сакаше да се сретне со претседателот за да ја зацврстат врската пред иаугурацијата на 20 јануари. Таа исто така оствари комуникација и со Илон Маск којшто е клучен сојузник на новиот претседател. САД се чинат одлични кандидати за партнерство со Италија со оглед на конзервативна десничарска идеологија на примериерката.

ИЗДВОЕНИ