Жена од Скопје роди на 61 година, на свет го донесе Петар

203
Screenshot

Жена на 61-годишна возраст роди здраво машко дете на Клиниката за гинекологија и акушерство. На свет го донесе Петар, нејзината прва радост после 10 неуспешни обиди со ин витро оплодување.

Мајката и детето се во добра здравствена состојба и денеска се пуштени дома. Мајката е прва во регионот која зачнала со сопствена замрзната јајце клетка од пред 35 години. Петар тежи 2.350 грама и долг е 48 см.

Мајката бременоста е водела во една од приватните клиники каде го направила и ин витрото. Според надлежните во ГАК, мајката и нејзиниот 65 годишен сопруг се многу радосни и посветени на своето новороденче. (П.А)