Жена од Балканот пронајдена мртва во САД, уапсени ќерката и нејзината пријателка

209

Властите во Јута обвинија две тинејџерки за убиство, неколку дена откако мајката на една од осомничените беше пронајдена убиена во изнајмен дом минатата недела.

Телото на Андреа Мотрам (47), која по потекло е од Романија, беше пронајдено од чистачка во Вашингтон, Јута, на 23 март. Полицијата ги именуваше нејзината посвоена ќерка Михаела Габриела Бела Сореску (16) и нејзината пријателка Абигејл Џеј Фланаган (17) како лица од интерес, а полицијата објави дека биле уапсени во петокот. Тинејџерките се обвинети за убиство.

Go found me police washington

На 20 март Андреа отпатувала во Лас Вегас, каде изнајмила автомобил и била придружувана од двајца малолетници.

Малку по полноќ на 23 март, нејзиното возило е лоцирано  во Сидар Сити, Јута, помалку од еден час оддалечено од Вашингтон. Во извештајот на лекарот било утврдено дека Андреа во тоа време веќе била мртва. Таа наводно била избодена 12 пати во градите.

Романските медиуми јавуваат дека Андреа се борела за деца и возрасни со аутизам во последните две децении, и дома и во странство. Таа беше убиена шест дена пред нејзиниот 48-ми роденден.

Во текот на истрагата, полицијата открила дека Михаела во својот дневник напишала „колку ја мрази мајка си“ и дека „сакала да ја убие“.

Таткото на Михаела, Френк, изјавил на полицијата дека го прочитал дневникот на неговата ќерка во ноември.

Инспекторите рекоа дека осомничените биле со Андреа во изнајмениот дом за време на убиството.

На местото на злосторството, полициските службеници пронашле повеќе предмети, меѓу кои два мобилни телефони и една чанта во тоалетот, неколку ножеви и „стуткани“ панталони со дамки од крв, пренесува Телеграф.

ИЗДВОЕНИ